Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВАЧЕВСКИ ЗА ФАКТОР: Ќе ги почитувам одлуките на органите на партијата

КОВАЧЕВСКИ ЗА ФАКТОР: Ќе ги почитувам одлуките на органите на партијата

Заменик министерот за финансии и член на потеснтото раководство на СДСМ, Димитар Ковачевски не сака да ги коментира шпекулациите кои се појавија во последните неколу дена во земјава, дека е сериозен кандидат за наследник на Зоран Заев и на двете позиции, односно и во Владата и во матичната партија. Овие гласини добија на интензитет вчера, откако Ковачевски го придружуваше Заев на средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, која беше иницирана со намера за зголемување на владејачкото мнозинство.

За Фактор, Ковачевски вели дека ќе ги почитува одлуките на органите на партијата, чија разврска, како што најави вчера премиерот Зоран Заев, се очекува идната недела, како и дека за него, е најважна иднината на државата.

„Во овој период сите од Владата целосно сме посветени на обезбедување стабилна, извесна и европска иднина на земјата. Јас денес учествував во разговорите со Алтернатива токму со цел зголемување на мнозинството кое земјата ја носи напред. Во овој момент не сметам дека сум најважен јас, туку пред се иднината на земјата. Така размислува СДСМ, државата и граѓаните пред се. Ги почитувам одлуките на органите на партијата и нема да коментирам можности и веројатности се додека СДСМ не распише внатрепартиски избори. Сите треба да имаме политичка и етичка почит кон претседателот Заев и кон одлучните и храбри чекори, кои заедно, сите граѓани, мораме да ги продолжиме на патот кон нашата подобра иднина“, изјави за Фактор Димитар Ковачевски.

Инаку, заменик министерот за финансии, кој од Заев беше посочен како еден од неговите најблиски соработници, е долгогодишен член на Социјалдемократскиот сојуз, а во светот на бизнисот е препознатлив како менаџер во водечките македонски телекомуникациски оператори. Тој е доктор на економски науку и предава на Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје. 

Заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски деновиве во ексклузивно интервју за Фактор говореше за Буџатот за 2022 година. 

Тој нагласи дрка станува збор за бует и за стаблност и сигурност, но и за развој на државата, бидејќи за прв пат капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит.

Рече дека преку специјални индикатори ќе се следи трошењето на капиталните расходи, што ќе ја подобри нивната реализација.

Н.Н.Ф. 

Слично

Поврзани вести