Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски за 11 Октомври: Данокот на оваа победа е во крв, страдања и загуби нa домови

Ковачевски за 11 Октомври: Данокот на оваа победа е во крв, страдања и загуби нa домови

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска од Куманово порача дека тоа што денес го прават, ја одредува иднината на нивните деца. 

За секој кој го почитува македонското минато, вели дека ова е патоказот. Тој зборуваше за формирањето на првите паризански одреди. 

„Данокот на оваа победа е во крв, страдања и загуби на луѓе, домови, и огромни економски штети. Но, денешна Македонија постои благодарение на ова“, рече Ковачевски. 

Вели дека како граѓани мораме да бидеме вечно благодарни и да ги  почитуваме борците од НОБ. Рече дека и во 2011 и 2017 година застанале на вистинската страна, кога Македонија ја извлекоа од изолација.  Ковачевски  вели дека членството во ЕУ ни е потребно за да може државата да се развива. 

Слично

Поврзани вести