Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Во вторник ќе се одржи првата меѓувладина конференција

Ковачевски: Во вторник ќе се одржи првата меѓувладина конференција

По одржувањето на седницата, Владата ги усвои заклучоците кои ги изгласа Собранието денеска и донесовме одлука за одобрување на предлогот на француското Претседателство.

– Со ова, го отпочнуваме процесот на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија - изјави попладнево премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на 60-тата владина седница и нагласи дека ова е историски чекор за нашата земја. 

Наша следна цел е полноправно членство во унијата, нашиот јазик е загарантиран, историските прашања се надвор од преговарачката рамка, а ние сме на чекор од одржувањето на првата меѓувладина седница, која ќе го означи почетокот на преговорите за членство во ЕУ

Уште еднаш нагласи дека македонскиот јазик е загарантиран и дека нема да се преговара за идентитетските прашања.

Потврди дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи на 19 јули во Брисел.

Со денешната владина седница, како што додаде Ковачевски, „заокружуваме уште еден објективно историски чекор за нашата земја“.

Со овој чекор според Ковачевски, наскоро нашиот јазик ќе се слуша и во европското семејство. 

Според него, граѓаните имале можност да слушнат дека говорат за почитување на минатото, за цврста поддршка на нашиот идентитет и национална посебност, но најмногу за подобра блиска иднина.

Слично

Поврзани вести