Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Во ВМРО-ДПМНЕ има еден мал Груевски и еден голем Груевски

Ковачевски: Во ВМРО-ДПМНЕ има еден мал Груевски и еден голем Груевски

Во ДПМНЕ има еден мал Груевски и еден голем Груевски, вели премиерот Димитар Ковачевски. 

Тој за Сител кажа дека курсот на партијата не се разликува од тој од пред 11 години. 

„Има една друга димензија целата таа работа. Кога ќе ги погледнете тие нивни ставови таму вие може да видите дека се работи за мал Груевски и голем Груевски. Бидејќи тие немаат различни политички ставови во однос на изолација на државата, во однос на неносење на одлуки, во однос на неинтегрирањето на државата во ЕУ, немаат никакви разлики во своите политички постапки. Вие погледнете го ставот на сегашниот претседател на ВМРО - ДПМНЕ, тој е против интеграција на државата во ЕУ, тој цело време наоѓа изговори. Нема став, не покажува одлучност и веројатно поради тоа им се отвора таа дебата во однос на тоа кој е малиот кој големиот Груевски во ВМРО – ДПМНЕ“, рече Ковачевски.

Вели дека европскиот фронт е обединет за да ги донесе одлуките за влез во ЕУ.

Ковачевски додаде дека со поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски немал никаква комуникација и дека немало никакви преговори со никој од ВМРО – ДПМНЕ. Со денови има препукувања во јавноста за тоа дали имало тајни преговори со Груевски за уставните измени. 

Слично

Поврзани вести