Ковачевски на телефон со Зеленски: Разговор за можностите за прекин на војната
Премиерот Димитар Ковачевски објави дека обавил телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој се разговарало, како што се вели во соопштеноето, за можноста за прекин на војната и за неговата посета во Украина.
„Во денешниот телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја пренесов во мое лично и во име на граѓаните поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина. Како НАТО членка ќе продолжиме со поддршката и помошта.
Во разговорот особен фокус ставивме на развојот на настаните на воениот фронт и улогата која ОБСЕ може да ја има во можностите за прекин на војната. Му пренесов на претседателот Зеленски дека како премиер на земја претседавач со ОБСЕ во план е посета на Украина“, објави владината прес-служба.
