Ковачевски во телефонски разговор со Шмигаљ ќе понуди помош за Украина
Портпаролот на Владата, душко Арсовски, на денешната прес-конференција информираше дека во текот на денот премиерот Димитар Ковачевски во телефонски разговор со украинскиот колега Денис Шмигаљ ќе понуди помош за Украина во случај на ескалација на кризата кај руската граница.
- По овој контакт Владата ќе направи проценка и ќе имаме повеќе информации каква помош би понудила државата, рече Арсовски без да конкретизира со бројки за тоа колку бегалци би можела да прифати Македонија од Украина.
Слично
