Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски во Минхен побара помош против хакерските напади

Ковачевски во Минхен побара помош против хакерските напади

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за државната агенција МИА, зборувајќи за заклучоците и впечатоците од Минхенската безбедносна конференција која се одржа изминативе два дена, побарал помош за сајбер нападите со кои се соочува Македонија.

Оваа тема била една од најголемите предизвици на надворешната и безбедносна политика за кои се зборувало на конференцијата.

За Ковачевски, сајбер војната која се води практично е дел од војната која беснее во Украина, и на истата подлежат државите од западниот свет. Според премиерот, веќе се знае веќе од кои држави доаѓаат тие сајбер, хибридни напади.

„Исто така, се разговараше за помошта која треба да се даде на државите кои се справуваат со овие сајбер напади, ние сме една од државите кои се изложени на сајбер напади меѓутоа не и единствена. Ако ги погледнеме медиумите, ќе видиме дека со тоа се соочуваат и Црна Гора, па и Германија претходно, Србија и други држави. Тоа секако ја истакнува потребата од меѓународна соработка, а токму Минхенската конференција беше место каде што беа 450 претставници, лидери на државите, претставници на невладиниот сектор, истакнати поединци коишто дискутираа и разговараа токму на овие теми", рече премиерот Ковачевски.

Слично

Поврзани вести