„КОВАЧЕВСКИ ВО ЕДНА ЧЕСТИТКА ГО УПОТРЕБИ МАКЕДОНИЈА ПОВЕЌЕ ОТОКОЛКУ ВО ЦЕЛ НЕГОВ МАНДАТ“: Клековски за, како што вели иронијата на СДСМ
Сашо Клековски реагираше на како што вели лицемерието на СДСМ и на употребата на придавката Македонски, а од друга страна ја обвинуваат претседателката на Македонија за тоа.
„И покрај најавите за конструктивност и поддршка од СДСМ (Јован Деспотовски), про-СДСМ интернет тролови го истураат својот гнев врз Претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова, овој пат зошто е употребено знамето на Македонија.
Во претходен пост „Поради гордоста постои Македонија“ пишав за лицемерието на СДСМ бидејќи не им сметаше кога политичари на СДСМ употребуваа Македонија во изборната кампања. И не само тогаш, само пред само два дена во една честитка за Св. Кирил и Методиј, Димитар Ковачевски ќе употреби Македонија и македонски, повеќе пати отколку во целиот свој мандат. Или пак кога Бојан Маричиќ, СДСМ евроинтегративец, на својот X профил ќе употреби знак мк наместо името на државата во која е вицепремиер, тоа е во ред, но кога друг ќе го направи тоа е основ за жестоки напади.
Умешност е да го почитувате Преспанскиот договор, како обврзувачки меѓународен договор, толку колку што обврски произлегуваат за Македонија, да се борите и другата страна Грција го применува договорот и да барате начин како да го изразите својот протест без да го прекршите договорот. Тоа вклучува употреба на Македонија во разговор, употреба на знак мк, и на кодот „МК“, како и на придавката македонски.“ напиша тој на фејсбук.
