Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски вети фер шанса за сите кои можат да придонесат во работењето на СДСМ

Ковачевски вети фер шанса за сите кои можат да придонесат во работењето на СДСМ

Новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски најави фер шанса за сите кои можат да придонесат. 

Не ги делам членовите на стари и на нови, СДСМ е најголема и најсилна партија во државата, вели лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој смета дека и сега партијата е обединета. 

„Програмата ќе се базира на социјал-демократски вредности, фер шанса за сите кадри кои ги исполнуваат професионалните услови за да бидат назначени на институционално ниво. Меѓутоа и отворање на партијата кон сите оние може да придонесат со својата активност во зајакнување на партијата и нејзиното работење“, изјави  Ковачевски. 

Вечерва се одржува  Централниот одбор на СДСМ. Ковачевски најави и родова еднаквост. 

Слично

Поврзани вести