Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски вели има конкретни сигнали дека некои пратеници од опозицијата би гласале за уставните измени

Ковачевски вели има конкретни сигнали дека некои пратеници од опозицијата би гласале за уставните измени

Според премиерот Димитар Ковачевски, има конкретни сигнали дека некои пратеници од опозицијата би гласале за уставните измени. 

„Конкретни сигнали има дека некои од овие пратеници би гласале. Процедурата е почната и ќе продолжи“, истакна Ковачевски во вечерашното тв гостување на Канал 5.

Според премиерот, Македонија преговара со ЕУ, а не со Софија.

„Ние ги исполнуваме нашите обврски во преговарачката рамка. Еден од условите е вметнување на други делови од народи во нашиот Устав, ќе влезат и Црногорците и Хрватите и Евреите се предлог. Ова е прв пат во историјата блокадата да не доаѓа од надвор, туку од внатре“, рече Ковачевски.

Повтори дека обврска на секоја политичка партија и на секој пратеник е остварување на стратешката цел на државата.

Слично

Поврзани вести