Ковачевски: Утре ќе донесеме одлука со Вучиќ и Рама дали ќе одиме во Брисел
Премиерот Димитар Ковачевски објави на Фејсбук дека одлуката со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама ќе биде донесена утре за тоа дали ќе одат на Самитот на ЕУ со Западен Балкан во Брисел. Останува да се види дали тројцата лидери ќе демонстрираат незадоволство од бавната евроинтеграција на регионот.
„Во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит, денес одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама. Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел“, објави Ковачевски пред малку.
Ковачевски дополни дека тројцата лидери разговарале и за други теми од регионот. Претходно и Вучиќ рече дека тројката ќе се консултира меѓусебно за каков потег да повлечат трите земји. Медиуми веќе објавија дека Вучиќ, Рама и Ковачевски речиси сигурно нема да одат во Брисел.
Слично
