Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Треба да се дообјасни учеството на Курти на изборите

Ковачевски: Треба да се дообјасни учеството на Курти на изборите

Премиерот Димитар Ковачевски по најавите дека партијата на Албин Курти, ќе учествува на парламентарните избори во Македонија во 2024 година, рече дека тоа треба „дополнително да се дообјасни“.

„Вчера видов и јас дека партија од соседството ќе учествувала тука. Треба да се види законот за политички партии, законот за избори. Нормално дека сестрински партии можат да се подджуваат меѓусебе, како ние социјалдемократските партии од соседството и регионот. Меѓутоа моделот за кој зборуваат навистина не можеше да биде јасно препознаен во некоја изјава која беше дадена и затоа треба да биде дообјасено. Бидејќи ако почнат партии од соседството да учествуваат на избори овде тогаш може да замислите што ќе биде ако дојде и од другите соседни држави да учествуваат на избори овде“, изјави Ковачевски.

Движењето Самоопределување стана четвртиот партнер во довчерашниот опозициски блок од три партии на македонските Албанци, обединети во Европски сојуз за промени. Ова беше соопштено при вчерашното отворање на нивната зедничката канцеларија на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, на која учествуваа претседателите на трите партии во блокот - Алтернатива, Движењето Беса и Демократско Движење, како и Бесим Ќоку - советник на албанскиот премиер Албин Курти за Северна Македонија.


Слично

Поврзани вести