Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Тимот од САД дојде бидејќи сме стратешки партнер

Ковачевски: Тимот од САД дојде бидејќи сме стратешки партнер

Владата немала одлука ниту потреба да повикува истражители во нашата земја, потенцираше премиерот Димитар Ковачевски на денешната пресконференција. 

Тој појасни дека посетатата на тим од Америка кој ја проверува корупцијата во земјава не е на покана на нашата земја, туку резултат на зацртаните стратегии на претседателот на САД.

- Доколку ја погледнете стратегијата на претседателот на САД од 2021 година, таму се наведени опасностите по општеството, животот на граѓаните, и начините на кои таму се справуваат со корупција и кај држави кои ги сметаат за стратешки партнери. Во рамки на нашиот стратешки дијалог, ние добиваме помош години наназат, преку финансиска, кадровска, помош во унапредување на нашите институции, во таа насока се одвиваше нашата досегашна соработка. Оваа посета е дел од нивните активности, не постоеше барање за некаков повик, туку тоа е дел од нивните активности во справување со корупција, во земји кои ги сметаат за свои стратешки партнери, а ние сме членки на НАТО и иден член за ЕУ, и сме нивни стратешки партнер - посочи Ковачевски. 

Слично

Поврзани вести