Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Секој може да протестира, но не со качулки и со повредување на полицајци

Ковачевски: Секој може да протестира, но не со качулки и со повредување на полицајци

Не смее да се повтори 27 април, вели премиерот Димитар Ковачевски. 

Кажа дека секој може да протестира, но не со качулки и со повредување на полицајци.

„Тоа е недозволиво за земја која е членка на НАТО и сака да стане дел од ЕУ“, рече премиерот. 

Протестите против францускиот предлог продолжија и денеска за време на прес-конференцијата во Владата, а се најавуваат нови за вечерва во 19 часот. 

Ковачевски вели дека она што се случува пред владината зграда го организираат политички партии кои јасно застанале против членството на земјата во НАТО и ЕУ. 

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во изјава за Тв 24 порача дека протестите мора да бидат мирни. 

Полицијата ги објави штетите по вчерашните тензични протести пред Владата по повод францускиот предлог за деблокада на Бугарија на македонските евроинтеграции.

Според МВР, собирот бил ненајавен, а четворица полицајци завршиле како повредени биле однесени на Универзитетската клиника за хируршки болести. Било запалено знамето на ЕУ, а бил скршен и еден прозорец од владината зграда.

Слично

Поврзани вести