Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koвачевски: Сега нашата православна црква е во заедница со сите православни цркви, и овој ден е историски по 7 децении изолација

Koвачевски: Сега нашата православна црква е во заедница со сите православни цркви, и овој ден е историски по 7 децении изолација

Премиерот Димитар Ковачевски се заблагодари на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј што направи големо дело, покажа голема грижа за еден православен народ и Вселенската Патријаршија и потврди дека стојат на историската мисија и одговорност.

„Иако со овој чин конечниот статус и име сѐ уште не се решени, најважниот и најголем чекор е завршен. Сега нашата православна црква е во заедница со сите православни цркви, и овој ден е историски ден после 7 децении тотална изолација. Денеска со одлуката на Вселенската Патријаршија ние влегуваме во православното семејство на сите помесни цркви. И оваа одлука на вселенската патријаршија што нè признава под име Орхидска Архиепископија значи признавање на континуитетот што го има нашата историска црква со древната Охридска Архиепископија. На Светиот Синод на Македонската православна црква, на сите православни христијани им честитам за оваа убава вест“, пишува Ковачевски. 

Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести