Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски се повикува на непостоечки изјави од Софија дека „немало нови услови”, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски се повикува на непостоечки изјави од Софија дека „немало нови услови”, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека премиерот Димитар Ковачевски се повикува на непостоечки изјави од Софија дека „немало нови услови”, а нема збор осуда за пораките за 2-ри Август од Софија. 

Од партијата велат дека објавено интервју не кореспондира со реалноста и актуелните случувања. 

„Имено и бугарскиот претседател Радев и бугарскиот премиерот Денков, Илинденското востание го декларираа како бугарско, чија крајна цел била присоединување на Македонија кон Бугарија. Ова е историска невистина, претставува директно негирање на македонскиот идентитет и темелот на македонската државност, но и патоказ за бугарското делување во иднина. Ковачевски ова го премолчи во интервјуто и нема ниту збор за него. Јасно е дека Бугарија е подготвена преку протоколите и преговарањето за заедничката историја да го смени целосно наративот на македонската историја и државност и истото да го претвори во услов за нашето напредување кон Европа. Ковачевски ова го прифати, па сега бара национален консензус. Што значи, со други зборови, други да ја споделат со него одговорноста за катастрофалната политика и дипломатија. Националното единство Ковачевски со неговата ароганција и игноранција пропушти да го направи пред точно една година. И тогаш и сега порачуваме, промена на Уставот под бугарски диктат нема да има! И тогаш и сега велиме: потребни се институционални гаранции од ЕУ за многувековниот идентитет на македонскиот народ, но и гаранции дека процесот на преговори нема да се претвори во подвижна цел во која ќе следат нови и нови условувања до целосна асимилација на Македонија и македонскиот народ. Промената на Уставот под бугарски диктат не е решение, туку само ги отвора апетитите на негаторските кругови во Бугарија“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека за ова прашање, Ковачевски нема национален консензус со над 85 отсто од јавноста.

Премиерот Ковачевски во вчерашното интервју за МИА рече дека „Претседателот на Бугарија, Радев, потпретседателката Јотова, бугарското МНР, сите тие беа многу јасни во изјавите дека нема нови услови, очекувањата се дека ќе се исполнат договорените услови во преговарачката рамка“.

Од ОМО Илинден Пирин велат дека за 10 дена, Бугарија успеа да деградира 4 народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и од Грција. Од Бугарија имаше провокации кон овие држави. 

Бугарија спроведува кампања против иницијативата на ОМД за прогласување на септември за месец на македонско-американското наследство, во услови кога очекува Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот.

Слично

Поврзани вести