Ковачевски: Русија ни е трговски партнер, но ние сме и земја-членка на НАТО
Премиерот Димитар Ковачевски по посетата на Брисел во интервју за МИА ги појасни изјавите и толкувањата на изјавите на неговата министерка за одбрана, Славјанка Петровска, која рече дека се прават „анализи“ во министерството околу можно испраќање на македонски војници во Украина доколку биде потребно.
- Ние сме дел од НАТО, учествуваме во носењето на одлуките на НАТО и се придржуваме до тие одлуки се разбира. НАТО е најголемиот одбранбен сојуз којшто се грижи за безбедноста за своите земји членки. Исто така ја реафирмиравме нашата позиција дека треба да дојде до деескалација на тензиите во регионот на Украина и дека Русија треба да се вклучи во дијалогот НАТО-Русија, кој ќе се води на повеќе различни теми. Исто така го почитуваме територијалниот интегритет и суверенитет на секоја држава вклучително во овој случај и Украина, и се придржуваме до одредбите од ОН на оваа тема. Во рамките на нашето министерство за одбрана постои дневна комуникација со колегите од НАТО, нашата мисија во НАТО е дел од секојдневното работење и носењето на сите одлуки. Нашето МНР има изработено оперативен план којшто се координира со земјите членки, а којшто се однесува доколку е потребно на згрижување на наши граѓани на територијата на Украина, тоа да биде направено на соодветен начин, изјави премиерот.
Ковечавекси додава дека Македонија е на истиот став како и сите земји сојузнички на Алијансата за Русија: важен е дијалогот, а ние истовременоги негуваме своите трговски односи со Москва истовремено.
– Нашите односи со Русија може да ги гледаме на два начини. Прво Русија е наш трговски партнер, со кој имаме размена на одредени производи и услуги. Меѓутоа другиот аспект е што ние сме земја членка на НАТО. Ние комплетно ги почитуваме одредбите од Вашингтонскиот договор и како земја членка на НАТО ние сме дел од најголемиот одбранбен воен сојуз во светот и сите наши одлуки ќе бидат во согласност со одлуките коишто се носат на ниво на НАТО. И кога ги гледаме изјавите на другите членки на НАТО тие се во согласност со одредбите на Вашингтонскиот договор и носењето на одлуки во НАТО, изјави тој.
