Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Прво да проверам со УЈП, па ќе разговарам со превозниците

Ковачевски: Прво да проверам со УЈП, па ќе разговарам со превозниците

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе има средба со незадоволните приватни превозници, но за тоа прво чека податоци од Управата за јавни приходи за да добие јасна слика какви се нерасчистените односи помеѓу нив и ЈСП и Град Скопје.

Како што кажа на прес-конференцијата, ова не значи дека Владата влегува во било какво преземање на надлежностите на Град Скопје.

– Ги очекувам податоците од Управата за јавни приходи бидејќи кажав дека дискусијата со превозниците мора да се базира на факти. Кога ќе ги добиеме податоците за параметрите за кои имаше јавна дискусија меѓу ЈСП, приватните превозници и Градот Скопје, тогаш ќе можеме да организираме еден таков состанок на кој ќе може одблиску да се запознаеме со проблемот, меѓутоа тоа не значи дека како Влада влегуваме во било какво преземање на наделжностите на Градот Скопје бидејќи, како што можам да се информирам од медиумите, градот Скопје веќе има отпочнато постапка за доорганизирање на системот на јавен превоз. Меѓутоа тоа се информации само на ниво на медиумски информации со оглед на тоа дека немаме координација со Градот Скопје, изјави премиерот на нновинарско прашање.

Повтори дека Владата работи на изнаоѓање на модел со којшто ќе се обезбеди финансирање и поддршка за реализација на најкрупните инфраструктурни проекти во Скопје кои, како што рече, не смеат да запрат бидејќи се работи за мостови, булеварски решенија…



Слично

Поврзани вести