Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски порача дека изборите нема да ги решат проблемите

Ковачевски порача дека изборите нема да ги решат проблемите

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека предвремени избори ќе ги продлабочат проблемите. Според него, изборите нема да ги решат проблемите. 

Тој кажа дека следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин, во 2024 година. За најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека ако нема договор за предвремени избори до крајот на летото ќе го блокираат системот, Ковачевски рече дека уцени не прифаќа. Вели секој може да блокира, но тоа не  е одговорно. 

„Тие ги блокираа општините откако станаа градоначалници. Во сите градови по првичното фотографирање каде беа промовирани претходни проекти на СДСМ веќе нема ни фотографирање, бидејќи не постојат нови проекти“, рече Ковачевски.

Апелираше до пратениците на опозицијата да бидат на ниво на задачата затоа што законите се од интерес на граѓаните. Францускиот предлог за кревање на бугарското вето засега нема да го коментира. 

Ковачевски имаше средба со коалиционите партнери. Вели дека владината коалиција е стабилна и фокусирана на економијата. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ако нема избори, ќе го блокираат Собранието, но и улиците ако е потребно. 

Слично

Поврзани вести