Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски по подолго време го спомена Заев и побара аплауз за него

Ковачевски по подолго време го спомена Заев и побара аплауз за него

Премиерот Димитар Ковачевски, се обрати на официјалното отворање на Преспа форумот за дијалог, што се одржува денеска и утре во Струга, и по подолго време го спомена во јавност неговиот претходник.

„Сакам на почеток, да ви пренесам поздрави од поранешниот премиер г.Зоран Заев, кој не можеше да биде присутен тука, бидејќи без него и Ципрас денес ќе беше обичен ден и немаше да има ниту Преспа, ниту форум, ниту дијалог, туку се уште ќе имаше преговори кои ќе траеја без некаква ориентација кога ќе завршат. Тоа е така затоа што тие двајца имаа храброст да донесат одлука, имаа визија и покажаа лидерство каква што политиканти никогаш нема да донесат бидејќи тие не гледаа на својот рејтинг за наредните избори, туку гледаа за иднината на граѓаните и на Северна Македонија и на Грција да живеат како соседни држави со добрососедски односи и двете земји да се членки на НАТО и во иднина членки на ЕУ. Би замолил за еден аплауз и за Заев и за Ципрас“, рече Ковачевски.

Инаку, последните месеци имаше многу шпекулации за наводен раздор на Ковачевски со Заев и твтрдења дека поранешниот премиер е во спор со актуелниот поради амбициите да се кандидира за претседател, а Ковачевски му откажал поддршка. 

 


Слично

Поврзани вести