Ковачевски: Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес
Добивме француски предлог со идеи за нашите јавно изнесени ставови во однос на спорот со Бугарија, вели премиерот Димитар Ковачевски.
„Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консултации во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот“, наведува Ковачевски во објавата на Фејсбук.
Тој се заблагодари на францускиот претседател Емануел Макрон и Француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот.
Макрон изјави дека е најдено компромисно решение за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Од ЕУ повикаа двете страни да го прифатат решението, со што Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ.
