Ковачевски: Oфицијалните ставови ќе бидат соопштени откако францускиот предлог ќе ги помине сите филтри
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на прес - конференција изјави дека официјалните ставови ќе бидат соопштени откако францускиот предлог ќе ги помине сите филтри.
Ќе има широка консултација, со партиите, граѓанските организации и експерти. Ковачевски повика сите политички актери да се воздржат од шпекулации. Вети дека ќе бидат транспарентни.
„Нашите забелешки се содржани во овој предлог кој го имаме во МНР. Историските прашања не можат да бидат дел од преговарачката рамка“, рече премиерот.
За сите други детали, рече дека министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе имаат консултации. Ковачевски рече дека предлогот ќе биде доставен во Собранието.
Слично
