Ковачевски: Од утре мора да ги засукаме ракавите
Новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес - конференција изјави дека денеска е голем ден за демократијата во партијата и во Македонија.
Се заблагодари на сите кои гласаа за него. Ковачевски изјави дека програмите на Јован Деспотовски и Фросина Ременски ќе ги збогатат реформите во партијата.
„Од утре мора да ги засукаме ракавите, и да се фатиме со работа. Наша одговроност е се што се случува во партијата, но и државата“, рече тој.
Тој му се заблагодари на Зоран Заев кој досега раководеше со партијата.
„Лично сметам на трудот на секој еден социјалдемократ, на секој еден граѓанин“, изјави Ковачевски.
Тој го пофали Заев дека го обединил СДСМ, и победил режим, но носел и храбри одлуки.
Слично
