Ковачевски од Брисел: Ни се случи Букурешт 2008-ма
Премиерот за тоа ја обвини опозицијата и рече дека „единствен кочничар на земјава е анти-ЕУ и анти-НАТО и проруската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица“.
– Нашите граѓани можат да се уверат дека со овие политичари ќе бидат лишени од можноста забрзано да се приклучат на прогресивното европско семејство и како изгледаше 2008 година. Тогаш беше во Букурешт, а вчера и денес беше во Брисел.
-Нека им служи на чест на сите овие партии и политичари, а на граѓаните на ум и сами да проценат кој за каква иднина за државата се бори, истакна премиерот.
-Во 2008 година имаше други ваши колеги кои беа сведоци на тоа што се случи во Букурешт, денес вие сте сведоци што се случи во Брисел и кој е виновник за таквата ситуација, им порача Ковачевски на присуните македонски новинари, гласеа меѓудругото изјавите на Ковачевски за македонските медиуми во Брисел.
