Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски обвинет за антибугарска предизборна кампања

Ковачевски обвинет за антибугарска предизборна кампања

Бугарски БГНЕС го обвини лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, за антибугарска предизборна кампања, по објавениот спот во кој македонскиот фудбалер е влечен за грб од страна на фудбалерот облечен во боите на Бугарија.

„Во спотот на партијата Бугарија е претставена како одбрамбен играч на фудбалски натпревар кој агресивно се обидува да го спречи македонскиот напаѓач да стигне до целта, имплицирајќи дека нашата земја ја кочи Македонија за нејзините евроинтеграции“ пишува БГНЕС.

Според влијателниот медиум,коалицијата прикажува дека Бугарија агресивно се обидува да ја запре Македонија во нејзината европска интеграција.

Инаку во рекламата на СДСМ, Ковачевски на крај го шутира пеналот и порачува дека идината на Македонија не е игра.



Слично

Поврзани вести