Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски објасни зошто е тешко да се открие од каде доаѓаат дојавите за бомби

Ковачевски објасни зошто е тешко да се открие од каде доаѓаат дојавите за бомби

Скоро апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓа дојавата за бомби, вели премиерот Димитар Ковачевски. 

Но, уверува дека безбедносната состојба е стабилна. Премиерот рече дека се работи за хибридни напади врз државата. Дојавите за поставени бомби имаа цел да ја дестабилизираат државата, но и целиот регион. 

„Овие хибридни напади се поради геостратешки цели или локални. Особено зачестија по почетокот на воениот судир во Украина. На ваков тип напади масовно се исложени и соседните држави – Србија и Црна Гора, но ги има и во Нов Зеланд САД, Канада и Германија“, рече  Ковачевски.

Потврди дека заканите се испратени од странство и појасни дека станува збор за виртуелни приватни мрежи (ВПН). Според премиерот, полицијата не потфрлила во својата работа. 

Владата утре на седница ќе разговара дали ќе му препорача на Националниот Комитет за спречување тероризам и насилен екстремизам да ги промени протоколоите за делување по зачестените дојави за бомби.

Дојави за бомби имаше и во Црна Гора. Наставата во сите основни и средни училишта во Црна Гора ќе биде онлајн до крајот на неделата. Ова е препорака од полицијата. 

Слично

Поврзани вести