Ковачевски: Ние сè уште имаме пратеник во Собранието кој доаѓа од редовите на УДБА
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека во македонскиот Парламент има пратеник од југословенска тајна разузнавачка служба УДБА.
Рече дека не е изненаден од фактот кога ќе види 80-годишни политичари во земјава и во соседните држави да го бранат концептот на неградење коридори и да има кавги меѓу државите, бидејќи така ја изградиле кариерата.
Премиерот зборуваше за патот од Призрен до Тетово и рече дека се работи за идеја на општините Тетово и Чаир која е од поодамна.
„Ние сè уште имаме пратеник во Собранието кој доаѓа од редовите на УДБА. Какви ставови сакате да има? Да ја види државата во ЕУ? Тој кариера изградил за државата да не биде во ЕУ и да биде скарана со сите соседи. И вие од него очекувате да ја носи државата во ЕУ? Тоа не може. Државата во ЕУ може да ја однесат новите млади политичари, кои виделе што сакаат новите генерации“, рече Ковачевски.
Владите имаат потпишано меморандум и во иднина треба да се размислува за изградба на пат кој ќе ги поврзува Призрен и Тетово и ќе се приклучи на Коридорот 8.
Слично
