Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Ние по 17 години чекање добиваме официјален почеток на преговорите и тоа е единствената вистина

Ковачевски: Ние по 17 години чекање добиваме официјален почеток на преговорите и тоа е единствената вистина

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Собранието вели дека денеска дебатираат за предлогог за дефинирање на почетокот на преговори со Европската Унија(ЕУ). 

Вели точно е дека пред самитот во Брисел, имале сет на идеи, а не официјален предлог. Рече дека таму каде што треба, пред сите 27 лидери, членки на унијата кажал гласно НЕ. 

„Тој сет на идеи не беше во согласност со нашите консензуално утврдени државни позиции“, рече Ковачевски. 

Во тој предлог спорено било прашањето на јазикот. Вели дека не глумеле лажни патриоти. 

„Ние по 17 години чекање добиваме официјален почеток на преговорите и тоа е единствената вистина“, вели Ковачевски. 

Рече дека нема ништо скриено, ништо тајно. Премиерот вели дека граѓаните се уморни од политиканти кои зборуваат за некаква апокалипса. Изјави дека и во потешки времиња никој не го асимилира македонскиот народ. Додека говореше во позадина се слушаа сирени. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести