Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Ние не ја чекавме Данела Арсовска со трубачи

Ковачевски: Ние не ја чекавме Данела Арсовска со трубачи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција изјави дека немал никаков таен состанок со никого, ниту со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. 

Кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека Скопје ќе биде модерен град. Вели дека тој не ја чекал Данела Арсовска со трубачи.  Ковачевски потсети дека со еуфорија славеле, ама ништо од ветеното не е исполнето. Премиерот потсети дека тие ветуваа бесплатен јавен превоз, но тоа не се случи. 

„Видовте дека претседавачот на Советот на Град Скопје го украде микрофонот на Арсовска и го криеше. На секоја седница се раправа на најдолен начин“, рече Ковачевски. 

Рече дека таков човек не треба да биде претседавач, мислејќи на Трајко Славевски. Ги повика ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа и да не измислуваат тајни состаноци. 

Слично

Поврзани вести