Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Нема да има разбирање за ниеден функционер кој неодговорно ги троши државните пари

Ковачевски: Нема да има разбирање за ниеден функционер кој неодговорно ги троши државните пари

Премиерот Димитар Ковачевски во денешното видео-обраќање по донесените антикризни мерки им порача на државните функционери да ги рационализираат трошењата на институциите кои ги раководат, како и одговорно да ги трошат државните пари.

„Свесен сум дека за никој нема да биде лесно, но кризата за жал е нешто што ги погоди сите граѓаните на Европа па и светот. Јас и сите членови на Владата и институциите ќе продолжиме посветено и ефикасно да носиме мерки за заштита на животниот стандард, за унапредување на животот на граѓаните и поддршка за стопанството.

За крај, сакам јасно да порачам, сите функционери, сите оние кои работат и се платени од граѓаните, максимално одговорно да ги трошат државните пари. Нема да има разбирање и оправдување за ниеден функционер кој неодговорно ќе го троши буџетот со кој располага.

Истовремено, сакам да им порачам на граѓаните и на компаниите, дека секој има одговорност за рационално користење на енергетските ресурси во време на голема енергетска криза. Ова ќе биде тешка економска година, но силно верувам дека заедно ќе ја пребродиме“, порача Ковачевски.


Слично

Поврзани вести