Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски не побара оставка од Мерко, но ги повика институциите да ги проверат наводите на САД

Ковачевски не побара оставка од Мерко, но ги повика институциите да ги проверат наводите на САД

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната сесија за пратенички прашања во Собранието побараа од премиерот Димитар Ковачевски од говорницата да побара оставка од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, откако се најде на „црната листа“ на САД, но тој само уште еднаш ги повика институциите да ги проверат наводите на Стејт Департментот.

„За 7.828 километри од Скопје до Вашингтон, повторувам дека е несфатливо како можело таму истражителите да имаат информации, а овде да нема во задолжените институции.

Секој функционер треба да работи согласно закони и интерес на граѓаните, затоа ги повикувам институциите да ги проверат наодите по сите основи. Мерко бил во коалиција со сите партии, а сите советници од општината кои поддржувале одлуки, сите заедно треба да си дадат оставки“, рече Ковачевски во Собранието.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, потоа му порача дека не смее да побара јавно оставка од Мерко, затоа што ДУИ веднаш ќе ја напушти неговата Влада и СДСМ ќе загуби со огромна разлика на предвремени парламентарни избори.


Слично

Поврзани вести