Ковачевски: Не можам да барам одговорност од градоначалникот на Крива Паланка
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција рече дека не е во можност да бара одговорност од Сашко Митовски, градоначалникот на Крива Паланка, иако доаѓа од редовите на СДСМ, затоа што бил избран по пат на гласање од страна на граѓаните.
Полицаецот Кристофер Стоевски се огласи на социјалните мрежи со тврдење дека добил две шлаканици од градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Инцидентот наводно се случил на полноќ на 14.01.2023 година, а како што вели Стоевски, бил нападнат затоа што принудно го попречувал патот со автомобил, а Митовски бил под дејство на алкохол. Треба да се напомене дека за овој инцидент со нападнат припадник на МВР реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
- Во однос на случајот, МВР непристрасно пристапува и ќе бидат изречени санцкии без да се гледа дали учесник во тој настан е на одредена позиција или не е на одредена позиција,.Што се однесува до одговорноста, градоначалниците се избрани од граѓаните и тие имаат одговорност пред граѓаните во рамки на мандатот. Сите институции понатаму кои се дел од системот на санцкионирање и проценки, треба непристрасно да одлучуваат, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.
