Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Не го потценувајте Апасиев, тој е реална закана, а Мицкоски ќе му биде заложник

Ковачевски: Не го потценувајте Апасиев, тој е реална закана, а Мицкоски ќе му биде заложник

Димитар Ковачевски во својот настап како претседател на СДСМ на синоќешната партиска трибина во Гевгелија рече дека Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев се реална закана за „европскиот пат“ на земјата и дека имаат политички потенцијал дури и да ги присвојат, според премиерот,  ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски како нивни заложници.

Тој на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ порача дека на тој начин „Европската иднина, европскиот правец на државата е пред сериозна закана“

- Еден политички субјект кој многумина го потценуваат е сериозна пречка на европскиот пат. Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ. Не ги потценувајте, како што изминуваат деновите Левица ќе го земе Мицкоски како нивен заложник. Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски, порача Ковачевски.

Премиерот додаде дека „Пироманите од Левица се посилни затоа што Мицковски станува се послаб и дека Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ“.

- Нивната политика нема да ја направи земјата посилна туку послаба ако запреме на патот кон ЕУ. Ќе секне помошта од ЕУ, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, младите ќе побегнат во други европски земји.​

Македонскиот идентитет повторно ќе го доведуваат под прашање. Се што досега постигнавме ќе го загубиме, додаде тој на трибината пред граѓаните на Гевгелија.

Според лидерот на СДСМ, Апасиев и Левица, како што вели тој, се реалната закана за европската иднина на државата.


Слично

Поврзани вести