Koвачевски: Не бев во Бугарија, бев на седница на Влада
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека денеска бил на седница на Влада, и затоа не беше во Благоевград, каде Македонците отворија македонски клуб „Никола Вапцаров“.
Тој рече дека му е мило што лидерите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Апасиев и Христијан Мицкоски биле на настанот, и смета дека тоа е придобивка од Договорот за добрососедство склучен со Бугарија. Премиерот го потврди ставот дека официјално ќе бара отворање на Македонски културен центар во Бугарија, како што има во Тирана и Сараево.
Слично
