Ковачевски: Не бев на гробот на Гоце Делчев, но имаше владина делегација
Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека не се поклонил на гробот на Гоце Делчев во Скопје на денот на 119-годишнината смрт, но дека упатил порака во јавност по овој повод.
- Имаше владина делегација на ниво на министри и исто така дадов изјава која беше проследена од медиумите, со која го одбележав вчерашниот голем ден за македонскиот народ и македонската револуционерна борба, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.
За посетата во Грција во понеделникот при почетокот на изградбата на терминалот за течен нафтен гас во Александрополис, тој рече дека немал билатерална средба со бугарскиот премиер Кирил петков, кој исто така беше присутен.
- Во Александрополис немаше билатерални средби. Ние таму се видовме, но тоа беше протоколарна средба во рамки на отпочнувањето на работите. Се разговараше за енергетската трансформација и енергетската независност. на регионот, одговори премиерот.
