Ковачевски најави освежување во партијата со нови членови
Кандидатот за лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во емисијата „24 анализа“ рече дека секогаш постои можност за освежување во партијата со нови членови.
Вели дека тоа го има како можност во статусот на партијата.
„Ние по избор на претседател, кој и да биде избран, ние сите ќе застанеме зад него, бидејќи сите три програми се јавни. На тој конгрес постои можност за докомплетирање на членови на централниот одбор, каде што може да се направи освежување, зошто има одреден процент кој се остава на новоизбран претседател да предложи одредени кадри кои ќе влезат во ЦО и тие после како членови ќе можат да заземат една од позициите. Што се однесува до потпретседателите, ние сме партија која многу внимава на застапеноста на жените и јас ќе внимавам и моја цел е 50-50 мажи и жени, зошто тоа е значајно за развој на нашето општество“, вели Ковачевски.
Тој заедно со Јован Деспотовски и Фросина Ременски е во трка за наследник на Зоран Заев, кој се повлекува од функцијата.