Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kовачевски нагласи дека уставните измени се неопходни

Kовачевски нагласи дека уставните измени се неопходни

Уставните измени се неопходни, вели премиерот Димитар Ковачевски. 

Тој во гостувањето на Канал 5 изјави дека целта е Македонија да стане членка на ЕУ до 2030 година. Кажа дека изборите ќе бидат во редовен термин во 2024 година.

„Како што кажав, уставните измени не се прашање на изјава туку прашање на процедура, во таа процедура учествуваат сите политички чинители во државата, како што учествуваат партиите од позицијата, така учествуваат и партиите од опозицијата“, рече премиерот. 

Но, ВМРО-ДПМНЕ не го менува ставот. Тие велат дека со овие услови нема да дадат поддршка на измените кои имаат за цел да ги внесат Бугарите во Уставот. 

Инаку, синоќа во Скопје, претседателката на Европската Комисија(ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека политичарите треба да го остварат сонот на младите да бидат дел од Европската Унија(ЕУ). Инаку, се бара внесување на Бугарите во Уставот. 

Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот, за да го поддржи патот на Македонија во ЕУ. 

Слично

Поврзани вести