КОВАЧЕВСКИ: НАД 1.100 ЛИЦА ЌЕ ДОБИЈАТ ПОСТОЈАНО ВРАБОТУВАЊЕ – Премиерот најави трајни решенија за медицински кадар
Одобрување за вработување
на неопределно работно време во здравствени установи за 1.117 лица, најави
денеска премиерот Димитар Ковачевски на пресконференција која се одржа по
владина седница. Тој посочи дека меѓу лицата кои ќе добијат договори на
неопределено се лица за кои има поднесено барање од здравствентие установи.
- Нашите доктори докажаа дека можат да изведуваат најсложени операции, кои и ги немало. Затоа сите млади доктори кои работат под договор ќе останат во јавните установи во кои работат и да ја исполнуваат нивната работа. Со овие измени се надеваме дека ќе бидат задоволни здравствените работници, бидејќи со задоволни здравствени рабодници ќе имаме и задоволни пациенти – посочи Ковачевски.
Тој посочи дека во Владата биле свесни за недостигот на кадри во медицината, па затоа правеле напори да се намалат дупките.
Воедно Ковачевски се осврна и на платите на вработените во медицинските установи и посочи дека платите на овој кадар се зголемени за 40 отсто, зголемени за над 2.000 денари...
- За следната година предвидено е зголемвуње на нивните плати согласно општиот колективен договор. Планираме и дополнителни разботи, со цел да обезбедиме развој услови за развој на здравството, тоа значи 40 отсто од просечната плата на општ лекар плус дежурствата. Следната година ќе има над 500 супспецијализации и над 1.000 специјализации. Направено е многу за набавка на опрема и за домовите во внатрешноста на земајта, не само за Скопје – посочи Ковачевски, а се осврна и на набавката на нови лекови, како „Трикафта“.
