Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kовачевски му одговори на Мицкоски: Ниту се потребни средби за избори, ниту се потребни избори

Kовачевски му одговори на Мицкоски:  Ниту се потребни средби за избори, ниту се потребни избори

Уцени не прифаќам, себичните амбиции на Мицкоски не ме засегаат, вели премиерот Димитар Ковачевски откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му порача да размисли за предвремени избори. 

Вели дека ова е втор пат како Мицкоски се обидува да го уценува.  Ковачевски додава дека него му се поважни интересот на граѓаните и државата. 

Како Влада имаме многу одговорна работа, а тоа е менаџирање на најголемата економска криза по Втората светска војна. Ниту се потребни средби за избори, ниту се потребни избори туку одговорно делување на сите политички партии. Потребно е функционално Собрание за носење закони и рационално трошење на буџетот во овие кризни времиња. Но, тоа Мицкоски очигледно не го интересира бидејќи никогаш не го интересирале граѓаните и нивните потреби, туку само неговата политичка кариера. За среќа, ние сме одговорна партија и Влада која нема да дозволи ваквите желби на опозицијата да значат штета по граѓаните, несигурност, трошење на огромни буџетски средства и нови кризи. Што се однесува до заканите за некаква радикализација, му порачувам уште еднаш дека како што не прифаќам уцени, уште помалку реагирам на закани. Деструктивноста е одлика и заштитен знак на Мицкоски и неговата партија, но тоа граѓаните го гледаат и препознаваат и таквите најави верувам дека силно ги осудуваат. Владата е стабилна и одговорно владее, а најавите на Мицкоски се одраз на немоќ и безидејност за конструктивност. Ако сакаше било што конструктивно да направи досега ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да го направи. Наспроти тоа, тие произведуваат лажни вести, дигаат хистерија и партиски мобилизираат протести. ВМРО-ДПМНЕ прави се друго освен реална и конструктивна политичка работа“, вели Ковачевски. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му предложи на премиерот Димитар Ковачевски заедничка и јавна средба на која ќе разговараат и договорат датум за одржување предвремени парламентарни избори, кои, како што рече, би биле природно решение за „катастрофалните состојби во кои се наоѓа земјата“. 

Тој на Ковачевски му остави рок до 10 мај да се изјасни, а доколку премиерот го одбие предлогот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека „ќе следат сериозни и досега непреземени чекори“.

Слично

Поврзани вести