Ковачевски: Миликије има факултетска диплома
Премиерот Димитар Ковачевски денес го искоментира именувањето на Миликије Халими за директор на АД Аеродроми. Според премиерот, таа има универзитетска диплома и ги исполнува критериумите
„Таа е избрана од Надзорниот одбор според критериумите на АД за аеродромски услуги, што во секој случај е мало претпријатие, и врз основа на факултетската диплома што ја приложила“, рече Ковачевски.
- Со предлог на Владата?
„Да, сепак, врз основа на високото образование што го има и високото образование што го имаат и другите функционери кои вршат делегирани функции“, рече Ковачевски.
За поранешната градоначќалничка на Арачиново беше познато дека има завршено средно медицинско училиште, а од Ад Аеродроми одговориле дека таа има завршено економски факултет.
Слично
