Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски ќе се сретне со Блинкен во Вашингтон, во САД ја води и Грковска со себе

Ковачевски ќе се сретне со Блинкен во Вашингтон, во САД ја води и Грковска со себе

Премиерот Димитар Ковачевски е во работна посета во САД, а во составот на делегацијата, покрај министерот за надворешни работи Бујар Османи, е и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.

Од утре Ковачевски ќе се обрати на отворената седницата на Советот за безбедност, во седиштето на ОНН во Њујорк. Премиерот дополнително ќе се обрати и на приемот во ООН организиран по повод 30 години од членството на Македонија во организацијат.

Во Вашингтон, премиерот Ковачевски е предвидено да оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар,  заменик-советникот за национална безбедност на САД, Џонатан Фајнер, советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, и со повеќе сенатори и конгресмени на САД, објави владината прес-служба,

Ковачевски ќе го посети престижниот универзитет „Џон Хопкинс” во Вашингтон и согласно агендата, планирана е и средба на премиерот Ковачевски со претставници на македонската дијаспора во САД.

Слично

Поврзани вести