Ковачевски ќе ја пречека Фон дер Лајен со највисоки државни почести
Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја пречека и ќе биде домаќин на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во понеделник, соопшти владината прес-служба.
Фон дер Лајен ќе биде пречекана со највисоки државни почести во Владата на РСМ. Според претходните најави, предвидени се средби со македонскиот државен врв, а според очекувањата нејзината посета е за цел убедување за уставни измени.
Со претседателката на ЕК ќе се разговара за потребните и неопходните реформи и за дополнителните средства што треба да ги добиеме како помош од ЕУ.
Слично
