Ковачевски: Ќе има помош и за Сирија, но треба да видиме кои потреби ги имаат
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција како одговор што го даде на новинарско прашање рече дека власта ќе одреди и помош за Сирија, која покрај Турција, беше погодена од катастрофален земјотрес со голем број на човечки загуби и материјална штета.
- Нашето министерство за надворешни работи контактира со колегите од Сирија за да видиме и таму што можеме да испратиме како помош и кои се нивните потреби. Штом ќе можеме да идентификуваме кои би биле потребите и нашите можности, тогаш се разбира дека и Сирија ќе биде држава која што ќе биде помогната од наша страна, пдговори Ковачевски.
Владата вчера на вонредна седница одреди финансиска помош и помош во логистика и човечки ресурси единствено за Турција.
