Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kовачевски кажа што е потребно за да францускиот предлог биде прифатлив

Kовачевски кажа што е потребно за да францускиот предлог биде прифатлив

Не прифаќаме ништо без чиста формулација за македонскиот јазик и заштита на идентитетот, вели премиерот Димитар Ковачевски. 

Тој повтори дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки.

„Чиста формулација на македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, како и вклучувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот откако ќе почнат преговорите меѓу Македонија и ЕУ, се дел од клучните елементи, за „францускиот предлог“ да биде прифатлив за македонската страна“, напиша  Ковачевски на Фејсбук.

Ковачевски пишува и дека каков и да е конечниот усогласен текст на предлогот, за да биде прифатлив за македонската страна може да има цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската унија дека Бугарија нема да условува со нови барања. 

„Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка“, пишува Ковачевски.

Премиерот додаде дека секое решение ќе треба да е консултирано со македонските институции.

За францускиот предлог има многу реакции. Либерално демократската партија (ЛДП) ќе ја напушти Владата ако власта го прифати францускиот предлог за кревање на бугарското вето. 

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски вели дека се разочарани и дека за вакви предлози требало да има комуникација меѓу партиите. 

Слично

Поврзани вести