Ковачевски ја одбра Тренчевска за претседателка на жените на СДСМ
На предлог на претседателот на СДСМ, премиеорт Димитар Ковачевски, Извршниот одбор на СДСМ на денешната трета седница, за нова координаторка на Форумот на жени ја избра Јована Тренчевска, актуелната министерка за труд и социјална политика.
„Трeнчевска е една од основачките на Форумот на жени на СДСМ, актуелна министерка за труд и социјална политика. Честитки!“, објави СДСМ.
На досегашната претседателка Снежана Калеска Ванчева и е упатена благодарност за, како што велат од владеачката партија, досегашниот ангажман и значаен придонес.
Слично
