Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Имам фотографии кои беше на отворањето на „Иван Михајлов“, ќе му ги дадам на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски: Имам фотографии кои беше на отворањето на „Иван Михајлов“, ќе му ги дадам на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната сесија на пратенички прашања во Собранието како одговор кон пратеничката Рашела Мизрахи рече дека поседува фотографии од тоа кои се бил на отворањето на клубот „Иван Михајлов“ во Битола и дека ВМРО-ДПМНЕ е партија наследник на фашистичкиот колаборационист.

„Многу бев вознемирен и кога неговата восочна фигура беше ставена во музејот на Ново Село од Никола Груевски. Мојот став е ист кога беше ставена неговата фигура во Скопје. Не знам дали го имате само на сликите во вашата Бела Палата. Но знам дека ВМРО-ДПМНЕ од своите почетоци е наследник на Ванчо Михајлов.

Водач на ВМРО-ДПМНЕ во 20тите години од минатиот век, а вие тоа го прифаќате. Видете ги сликите во Белиот дворец, прашајте ги вашите ветерани и тие ќе ви кажат дека го слават Ванчи Михајлов.

Имам слики кој се е на отворањето на клубот, ќе му ги поделам на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека планира да го информира бугарскиот премиер Кирил Петков дека Владата има намера оваа година да отвори нов центар во Благоевград, а името ќе се определи во координација со нашиот Институт за историја

„Сосема е во ред било која држава која има граѓани кои се самоопределуваат да отвори културен центар во нашата држава, како што и ние отворивме културен центар во Софија. Како што Бугарија долги години има културен центар во Скопје. 

Во исто време не се согласувам и сум многу разочаран што Бугарија одлулчи да именува центар со име „Ванчо Михајлов“, Ова лице е поврзано со директна соработка со нацистички и фашистички режим. Огромна штета му направил на македонскиот народ, со ликвидација на македонски револуционери и депортации во логорите на смртта“, претходно зборуваше премиерот.



Слично

Поврзани вести