Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски и Донев утре заедно на почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија

Ковачевски и Донев утре заедно на почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски утре заедно со вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев, ќе учествуваат на церемонијата по повод почетокот на изградбата на источниот дел на железничкиот Коридор VIII за поврзување со Бугарија.

Станува збор за делницата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка, веќе соопшти прес-центарот на бугарската влада.Настанот ќе се одржи напладне во близина на Куманово, а ќе присуствува и бугарскиот вицепремиер за економски политики и министер за транспорт и врски Христо Алексиев. 

Паневропскиот коридор VIII ја поврзува Бугарија со Македонија, Албанија и по морски пат со Италија. Тоа е клучна рута во однос на зајакнувањето на поврзаноста на регионот, создавајќи интермодална врска меѓу Црното и Јадранското Море. 

Бугарија истовремено работи на вклучување на Коридорот VIII од својата страна.

Слично

Поврзани вести