Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Гласавме воздржано за Израел, затоа што не беше споменат Хамас во Резолуцијата

Ковачевски: Гласавме воздржано за Израел, затоа што не беше споменат Хамас во Резолуцијата

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен рече дека Македонија гласала „воздржано“ за Резолуцијата во ОН за конфликтот во израел, затоа што во актот не се споменувале делата на Хамас.

- Голема слабост на резолуцијата е неспоменувањето на терористичкиот акт на Хамас од 7 октомври кој ние веднаш најостро го осудивме, како и правото на Израел да се брани. Затоа и гласавме за канадскиот амандман на резолуцијата. Одлуката за гласање не беше лесна. Одлучивме да гласаме воздржано затоа што Резолуцијата од една страна ги адресира хуманитарните прашања, со што се согласуваме и ги поддржуваме, но отсуството на споменувањето на она што Хамас го направи на 7 октомври не остави простор за поинаков пристап во однос на гласањето, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство повика на „итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје“ меѓу Израел и Хамас и побара непречен пристап на помош до опколениот Појас Газа.

Предлогот подготвен од Јордан не е обврзувачки, но има политичка тежина, одразувајќи го степенот до кој САД и Израел се меѓународно изолирани додека Израел ги засилува своите копнени операции.

Во резолуцијата не се наведува името на Хамас, кој држи околу 220 цивилни заложници кои беа запленети за време на разорните напади на 7 октомври. Но, таа повикува на „итно и безусловно ослободување“ на сите цивили кои се незаконски заробени и бара нивна безбедност и хуман третман и ги осудува нападите и врз палестинските и израелските цивили.

Донесена е со 120 гласа „за“, додека 45 беа воздржани, а 14 гласаа против, вклучувајќи ги Израел и САД. Македонија гласаше воздржано. Против оваа резолуција од Европа гласаа Австрија, Чешка, Хрватска и Унгарија.


Слично

Поврзани вести