Ковачевски ги искоментира податоците од пописот
Левица и ВМРО-ДПМНЕ им направија лоша услуга на Македонците со бојкотот на пописот, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Тој во гостување во емисијата „360 степени“, вели дека бројката од околу 132 илјади граѓани кои не беа лично попишани, се должи на повеќе причини, меѓу кои, и бојкотот кој јавно или скриено го заговарале дел од опозициските партии.
Тоа е околу 7, 2 процентни поени од резидентното население кое не беше теренски попишано, туку податоците се преземени од административните бази.
Државниот завод за статистика ги објави резултатите од националниот попис во 2021.
Во Македонија живеат 1.073.299 Македонци или 58,44 проценти, 446.245 Албанци или 24,3 отсто, 70.961 Турци (3,86%), 46.433 Роми (2,53%), 23.847 Срби (1,30 %), 16.042 Бошњаци (0,87), 8.714 Власи (0,47) и 18.912 останати (1,03) како резидентно население. 132.260-мина не се попишале, а тоа се 7,2 отсто граѓани.
Заедно со дијаспората како вкупно население се попишале 1.137.030 Македонци (54,21%), 619.187 Албанци (29,52%), 83.443 Турци (3,98), 49,104 Роми (2,34), 24.759 Срби (1,18), 18.163 Бошњаци (0,87), 9.208 Власи (0,44), 24.165 останати (1,16).