Kовачевски: Доколку ги изгласаме уставните измени, автоматски одиме понатаму
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на лидерската средба зборувале за енергетската криза, и за буџетот за 2023 година, за блокираните закони во Собранието.
Вели дека евроинтеграцијата е национален проект, не е проект на една политичка партија.
„Потребно е да се вклучат сите партии, сите пратеници за да се одблокираат процесите“, рече премиерот.
Вели дека инклузивност е потребна и за Европската Унија(ЕУ).
„Доколку ги изгласаме уставните измени, автоматски одиме понатаму“, рече Ковачевски.
Кажа дека треба да бидеме мудри и да го искористиме моментот, за одиме напред. Според него, не е време за поделби, сега е вистински момент, со полн капацитет да се исполни поставената цел. Вели дека како општество треба да покажеме зрелост. Лидерската средба ја оцени како позитивна.
